Пристига косовска полиција во Скопје: Познато од кои причини

0

По се изгледа дека ништо не се препушта на случајот. Имено од страна на ФФМ во договор со Косовската Федерација, се прави напор дуелот меѓу Македонија и Косово, закажан за 26 март, да мине без никакви инциденти. Организациски наголемо се работи за овој натпревар.

Токму затоа постигнат е договор меѓу МВР на Македонија и Косово, полицијата на Косово да ги обезбедува свои фанови. Тоа вчера го кажал директорот на полицијата на Косово Рашид Ќалај.

Тие би требало во целост да ја обезбедуваат навивачката група „Дарданет“ се до нејзиното влегување на трибините на Арената „Тодор Проески“, а пред тоа и патролна и сообраќајна полиција на Косово ќе се грижи за гостинските навивачи. Оваа информација ја пренесува „Спортмедиа.мк“

Во „Куќа на фудбалот“ првите луѓе на Фудбалската федерација на Македонија и раководството на Косовската фудбалска Федерација одржаа координативен состанок во однос на организацијата на плеј – оф полуфиналниот натпревар меѓу македонската репрезентација и селекцијата на Косово за пласман на Европското првенство 2020.

На состанокот во Скопје, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини го предводеше координатвното тело кое го формираше нашата федерација, а во кое се и потпретседателот Лазар Ракиџиев и членот на У.О. Борче Лазаревски, со цел да водат и координираат одредени активности поврзани со организацијата на натпреварот заедно со Косовската фудбалска Федерација. Гостите од Приштина ги претставуваа претседателот Агим Адеми и генералниот секретар Ерол Салиху.

Двајцата претседатели и нивните претставници разговараа за техничките детали околу организацијата на натпреварот на 26. март во Скопје, потоа за начинот на продажба и распределба на билетите и соработката со двете министерства за внатрешни работи и одделот на УЕФА за интегритет и безбедност.

Претходна статијаШилегов откри како го гледа Скопје во неговата визија и за што ќе се залага
Следна статијаПредлог на Зиков: По примерот на Шведска, на вработените во администрација да им се дава шест месеци одмор