Српската пејачка откри колку пари потрошила на шопинг за еден час

0

Познатата српска пејачка Катарина Грујиќ вчера вечер гостуваше во емисијата кај Огњен Амиџиќ каде откри колку пари потрошила во еден ден на шопинг.

Околу 12, 13 илјади евра имам потрошено и тоа само за еден час, открила пејачката, на што водителот додал дека е многу скапа.

Катарина на ова додала дека не сака во јавноста да зборува за цифри и да се расфрла со тоа, но со оглед на тоа што прашањето било прецизно и се барала точна бројка, таа решила истата да ја сподели со јавноста.

Пејачката Катарина Грујиќ не е во врска со фудбалерот Огњен Варањеш, демантира пејачката откако во медиумите од соседството се појави таква шпекулација.

-Бев шокирана кога ја прочитав веста дека ние двајцата сме во врска. Илјадапати кажав дека нема да зборувам за приватноста, но поединци упорно се обидуваат да прават приказна каде што нема. Огњен и јас се познаваме, другари сме, но не сме во врска, категорично негира пејачката.

Катарина во интервју за српски курир говореше на темата Саша Поповиќ, за него кажа дека е одличен директор и многу интелегентен човек, а надополни и дека не и смета кога некогаш ја допира по телото.

– Не ми смета кога ме пипка по телотo, тоа е се шала и маркетишки трик. Не може тука ништо погрешно да се помисли. Неговата сопруга Сузана е прекрасна жена, која исто така знае дека се тоа е игра.

Дури и таа се шегува со нас на таа тема. Една од ретките жени која ги поддржува своите помлади колешки и никогаш нема кажано ниту еден лош збор за нас, за разлика од некои други, изјави Катарина.

Претходна статијаВардар се распаѓа: Играчите си одат – навивачите во неверување
Следна статијаДо пензија ќе може да се дојде и со плаќање на 1400 евра