Статус на Министерката Нина Ангеловска:
Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤️.
Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени.
Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!
🐝🍯 Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо…
Публикувахте от Nina Angelovska в Понеделник, 10 февруари 2020 г.
-Знам дека документарецот „Медена земја“ заработи на кино благајните од прикажувањето во САД над 750 илјади долари. Од оваа сума се одбива данок и делбата со кино мрежите… а инвестирани се во промоцијата на филмот.
Да се стигне до номинации, освен што е важно да имате одличен филм, мора да се вложат многу пари. Повеќе е вложено е во филмот да стигне до тука отколку што тој има приход од дистрибуција.
Се надевам дека после ова ќе заработи, тоа секако зависи од дистрибутерот „Неон“ кој ги има овие права, вели Горјан Тозија- Медо, директор на Агенцијата за филм.
Успехот на документарецот е уште повпечатлив бидејќи настана безмалку случајно, кога режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов го истражувале изолираниот планински крај со цел да снимат краток документарен филм – пишува во написот објавен од британскиот медиумски сервис.
Меѓу лекциите кои Би-би-си ги извлече од „Медена земја“ се наведуваат „преживувањето преку делба“, „мудроста може да биде помоќна од силата“, „можете да бидете сами, но не и осамени“, „филмовите можат да зборуваат посилно од зборовите“, „луѓето и пчелите се слични“, како и заклучокот оти „неонските светла не можат да им парираат на македонските ѕвезди“.