Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, бара да се одложи денешното рочиште за случајот “Рекет”, бидејќи како што рече обвинетиот не е во состојба да го следи рочиштето. Тој дополни дека и по барањето на судијката, врз Јовановски не бил извршен конзилијарен преглед.
-Јовановски не беше прегледан од никого, лекарот констатирал дека нема услови да се изврши конзилијарно мислење, бил присутен само дежурниот лекар, рече адвокатот Дуковски.
Тој во расправа со судијката, инсистираше судењето да не се продолжи.
-Јовановски апсолутно не е во состојба да го прати денешното судско рочиште. Не контактибилен. Единствено ме извести дрка трпи ужасни болки во пределот на стомакот и му се дадени огромен број на седативи за спречување на болки.
Да се изврши конзилијарно мислење и да не се посегнува по кршење на човековите права. Ве молам да го имате во предвид фактот дека обвинетиот не е во состојба да го прати рочиштето, рече Дуковски.
Судијката Васка Николовска Масевска посочи дека таа е инфирмирана дека е прегледан и извештајот ќе го добие во текот на рочиштето.
Бојан Јовановски, обвинет во судскиот процес „Рекет“ утрово е спроведен од истражниот затвор Скопје каде ја издржува мерката притвор и во моментов е во судницата каде што се чека да дојде судечкиот совет.
Присутна е и обвинетата Катица Јанева и нејзините адвокати, а во судница се и двете обвинителки Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.
На денешното рочиште се очекува судијката Васка Николовска Масевска да го соопшти мислењето на тимот лекари од Клинички во врска со здравствената состојба на Јовановски, по што ќе се знае дали Боки ќе го следи судскиот процес, со оглед на тоа што вчера се жалел на болки во стомакот и на гадење.
Екипа од Брза помош е повикана во судот да утврди дали првообвинетиот во случајот “Рекет” Бојан Јовановски може да го следи денешното рочиште.