Точно на Свети Ѓорѓи, Бекира Леврин од Љубљана го однела својот слеп син Ирнес (9) на изворот Ибрет (чудо) во Босна и Херцеговина. Таа му го измила лицето со вода од изворот, а за големо чудо тој прогледал.
Детето почнало да плаче и ја прашало мајка си што прават сите тие луѓе околу него. Таа пак поради голем шок се онесвестила.
– Го носев тука и минатата година за да го измие лицето, бидејќи цврсто верував дека оваа вода ќе го излекува, но Ирнес не сакаше да излезе oд автомобилот. Беше слеп, а сега може да гледа! Нема да кажам дека легендата се оствари, но јас цврсто верувам во ова чудо од Бог.
Немојте да го дарувате со пари, дајте му ги на некој што му се потребни како благодарност од Бога – низ солзи им говорела на присутните пресреќната мајка.
Сведоци на ова чудо биле повеќе од стотина луѓе, кои и помогнале на Бекира да се освести и смири, а детето го дарувале со пари.
На изворот Ибрет (чудо), каде што водата доаѓа на пладне, традиционално за Свети Ѓорѓи се собираат голем број верници.
Свети Георги, Ѓорѓи или Ѓорѓија, е роден во Кападокија. Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен.
Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи.
Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.
Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин.
Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.
Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден.
Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.
Поврзано