Сашо Тасевски: Оскарот немаше да не направи подобри луѓе, ниту државава ќе станеше медена

0

Статус на Сашо Тасевски:

Сега нема оскар, ама имаш плукање по Американците. Ѓубриња, лигајци, ова она… Како кога пцуеме по судии нашиот тим ко ќе изгуби во фудбал. Како по секоја Евровизија.

Кочете малку. Тоа се само приватни журки на супер богати елити. Врска повеќе немаат со квалитет и објективност. Добива оној кој најмногу вложил и поделил на прави места, на вистински луѓе.

Нејсе, барем авторите го доживеаа тој декадентен циркус и си отворија некои чешмичиња за идни проекти. И тоа е успех. Нивни. Личен. Не наш, не ваш, не на државата.

Да земеа оскар, пак ќе беше успехот нивни, но ќе беа многу побогати и материјално… Покрај духовното. Оскарот немаше да не направи подобри луѓе, ниту државава ќе станеше медена.

Пак ќе останевме патетични, сентиментални ѓубриња кои фрлаат ѓубре, се дават во ѓубре и се што ќе пипнат го претвораат во ѓубре. На прво место државата.

Сега нема оскар, ама имаш плукање по Американците. Ѓубриња, лигајци, ова она… Како кога пцуеме по судии нашиот тим ко…

Публикувахте от Sasho Tasevski в Неделя, 9 февруари 2020 г.

Нас прво ни треба шифт и дилит, па после ќе дојде се друго… Или нема да дојде. Многу срања направивме годиниве зад нас, за да не посака судбината и да не полаза колективната среќа, ако таа воопшто постои.

Да и ова. Го сакам Јоаким Феникс како глумец. Бравурозен е. Дали неговата конкретна креација во Џокер беше за оскар? Не. И не зашто е лош, туку за друго.

За добар глумец не е некоја тежина да направи психотичен лик со триста ментални проблеми. Треба само да има среќа да ја добие таа улога во филм зад чијшто пи ар стојат многу пари и моќни лобија.

Како и да е, Феникс заслужи оскар, ама за целиот досегашен труд. Но тоа е Холивуд, патетичен и склон на претерување и лигавење, ко нас. Само што сме ние плус сиромашни, слаби и безначајни во големите игранки. Тоа е разликата.

Претходна статија(ФОТО) Дедо Цане од Бурилчево го прослави 101. роденден: На лекар не сум бил 40 години
Следна статија(ФОТО) Иако има само 13 години, малиот Струмичанец Зоран Христов прави вистински ремек дела