Миленко: И така на крај остана имиџот на диво племе, неизбањати, бездомни, штрби заби

0

Статус на Миленко Неделковски:

И така, на крајот, остана имиџот на диво племе, со нехристијански имиња, примитивни навики, штрбави заби, шалвари, неуки, неизбањати, бездомни…

Ние, лулката на цивилизацијата, просветители што описменивме пола Европа, војсководители и државници што го освоивме целиот тогаш познат свет – се сведовме на шалвари имиџ. Македонијо, кога ќе те помакедончиме?

И така, на крајот, остана имиџот на диво племе, со нехристијански имиња, примитивни навики, штрбави заби, шалвари,…

Публикувахте от Миленко Неделковски в Неделя, 9 февруари 2020 г.

92-та церемонија на доделувањето на Оскарите, се одржа во театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес. Овојпат Оскарите, се одржа порано наместо како досега на крајот на февруари. Оскарите беа доделени во 24 категории. Годинава, Оскарите повторно немаа водител, а меѓу презентерите беа Џејн Фонда, Том Хенкс, Спајк ли, Реџина Кинг, Натали Портман, Џејн Фонда, Сигурни Вивер, Марк Рафало, Стивен Спилберг, Спајк Ли, Оливија Колман.

Од музичките везди настапија Еминем, Вил Фарел, Елтон Џон, а годинава за првпат номинираните филмски музички теми оркестарот ги свиреше под раководство на енски диригент.

Македонскиот документарец „Медена земја“ доби две номинации, за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Во категорија „Најдобар документарен филм“ во конкуренција беа „Американска фабрика“ (American factory) во режија на Џулија Раичерт и Стивен Богнар, „The Cave“ (Пештерата) во режија на Ферас Фајарт, „На работ на демократијата“ (The edge of democracy) во режија на Петра Коста, „За Сама“ (For Sama) во режија на Вад Ал – Катиб, Едвард Ватс, „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Тамара Котеска и Љубо Стефанов, а Оскарот го доби „Американска фабрика“.

За „Најдобар странски филм“ од номинираните „Корпус Кристи“ (Corpus Christi) во режија на Јан Комаса, „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Тамара Котеска и Љубо Стефанов, „Клетници“ (Les Miserables) во режија на Лаџ Лу, „Болка и слава“ (Pain and Glory) во режија на Педро Алмодовар и „Паразит“ (Parasite) во режија на Бонг Џун Хо, кој освои четири Оскари.

Категоријата „Најдобар филм“ беше врвот на Оскарите во која се натпреваруваа „Форд V Ферари“- (Ford V Ferari), „Ирецот“ – (The Irishman), „Зајакот Џоџо“ – (Jojo Rabbit), „Џокер“ – (Joker), „Малите жени“- (Little Women), „Брачна приказна“ – (Marriage Story), „1917“ (1917)

„Си беше еднаш во Холивуд“ – (Once upon a time in Hollywood), „Паразит“ – (Parasite), а за најдобар филм е прогласен јунокорејскиот филм „Паразит“ и ова е за првпат странски филм да добие и Оскар за најдобар филм.

Во категоријата „Најдобра женска главна улога“: Оскарот отиде во рацете на Рене Зелвегер за улогата во „Џуди“ (Judy), на која ова и е втор Оскар и зад себе има четири номинации.

Претходна статија(ВИДЕО) Синоќа од говорницата на Оскарите се слушна само Македонија, без Северна
Следна статија(ФОТО) Голема радост во домот на македонската фолк легенда Војо Стојаноски