Откриено кој ќе се погрижи за вечерашниот изглед на Атиџе

0

Документарниот филм „Медена земја“ е во трка за два Оскари, на вечерашната церемонија. Како што е веќе познато, екипата од Македонија е веќе пристигната во Лос Анџелес, а Атиџе ги освои срцата на сите присутни, како и на големите филмски ѕвезди.

Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во САД, се оние кои ќе се погрижат за изгледот на Атиџе и екипата на Медена земја.

Hi all, we are in Los Angeles for the Oscars, supporting the double nominated documentary movie Honeyland & making sure…

Публикувахте от Âme Salon в Петък, 7 февруари 2020 г.

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.

По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар, првпат се случува да имаме две номинации, а првпат и во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.

За најдобар документарец конкуренти на нашиот филм му се британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

Во категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, покрај „Медена земја“ во трка за Оскар се и јужнокорејскиот „Паразит“, „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

По објавата на номинациите пред четири недели, тимот на „Медена земја“ (Honeyland) им се заблагодари на членовите на Американската академија за тоа што филмот го нарекле материјал заслужен за Оскар.

Претходна статијаПознато колку пари досега заработи „Медена земја“ во САД
Следна статијаИ Заев се огласи пред Оскарите и упати силна порака за „Медена земја“