Таткото ја оставил слепата ќерка на пруга, но потоа се случило чудо

0

Манастирот Острог е свето место за кое може да се слушнат многубројни чудни приказни за лекување на болните. Тие се неверојатни, а многумина решаваат да го посетат овој манастир како би оздравиле, бидејќи, надежта последна ум ира. Токму таква е и приказната за едно девојче, кое прогледало после посетата на Острог.

Таа е родена 1960 година, како четврто, непосакувано дете. Таткото ја оставил на пруга, сакајќи да ум ре. Меѓутоа еден добар човек го слушнал нејзиниот плач и ја спасил. Заедно со сопругата го посвоиле оставеното девојче, и буквално и го спасиле животот.

Сопружниците биле пресреќни со приновата, со оглед на тоа што не можеле да имаат деца. Ја одгледале со многу љубов, трпение и пожртвуваност. После два месеци забележале дека има проблем со видот. Контактирале лекар и нивните претпоставки се потврдиле.

Родителите ја воделе по разни лекари, но, за нејзината болест немало лек. Потоа слушнале за манастирот Острог и решиле таму да побараат помош.

Свештениците се молеле над неа. Последната ноќ, девојчето сонувало ангел кој и рекол: „Дојди кон мене“.

Таа останала уште неколку дена во манастирот, а потоа почнала да гледа сенки и облици, за на крај целосно да прогледа!

Манастирот во кој што почива Свети Василиј Острошки е место на кое што многу верници успеаа да го пронајдат и својот спас…

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет.

Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Од тие безбројни исцеленија мал број е запишан и објавен пред минатата светска војна.

Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.

Претходна статијаМакдонец се пишал дека е Албанец за да дојде до работа која носи плата 611 евра
Следна статијаПознато колку пари досега заработи „Медена земја“ во САД