Нова градба и нова среќа за Мирчовски од Русиново чија куќа пред пет дена целосно изгоре во пожар. Веќе денес, тамони жители, роднини и пријатели на семејството, се здружија и започнаа да градат нова куќа, информира ТВ СТАР.
„Денес почнавме да градиме. Се собраа роднини, соселани , пријатели, голема благодарност до сите“, кажа Александар Мирчовски.
Ова на 12-ет членосто семејство кое остана без покрив над глава, им ја враќа надежта и вербата во луѓето: „Ова не може да се опише со зборови. Македонскиот народ е познат по својата хуманост, еве сега се докажа тоа уште еднаш“, рече Ѕвонко Мирчовски.
Темелите на новата куќа се поставуваат благодарение на донациите на сите хумани луѓе , како и на помошта од Општината:
“Градоначалникот прв излезе на терен, се обезбеди помош при расчистувањ на куќата, еве сега и околу градбата, а откако ќе се создадата законски услови, ќе се додели и парична помош“, кажа Билјана Каламадевска, соработник за односни со јавност во о. Берово.
Оекувањата се дека градежните работи ќе завршат за три месеци и Мирчовски повторно ќе имаат свој дом.
Извор: Тв Стар