Латас си поднесе оставка од уредничкото место во Сител, се жали на притисоци

0

Драган Павловиќ Латас (р. 25 февруари 1960 во Скопје) — македонски новинар со српско потекло. Тој е главен и одговорен уредник на телевизија Сител од 1997 година и на дневниот весник „Вечер“ во периодот 2006–2012. Латас е член на Македонската асоцијација на новинари (МАН) и бил нејзин генерален секретар во два мандати (2002–2007 и 2011–сѐ уште).

Кариерата ја започнал во „Млад борец“ (1980–1984), а бил и соработник на белградскиот младински весник „Младост“. Работел во неделникот „Фокус“ извесен период по неговото основање во 1995. Завршил економски науки на универзитетот во Белград, а има дипломирано и политички науки на универзитетот ФОН во Скопје во 2005. Магистрирал и докторирал на Европскиот универзитет во Скопје, каде работи како професор од 2012 г.

Павловиќ бил осомничен за соработка со српските тајни служби за време на југословенските војни. Весникот „Време“ објавил документи од ДБК кои посочуваат дека Латас го организирал палењето на американската амбасада во Скопје во 1999 година по налог на УДБА. Весникот го посочува Павловиќ како доушник на Слободан Милошевиќ, кој наредбата ја добил на 13 март 1999, а палењето се случило десет дена подоцна. „Време“ го обвинува Павловиќ и дека го шпионирал раководството на ВМРО-ДПМНЕ, во време кога на чело на партијата бил Љубчо Георгиевски.

Павловиќ Латас бил тужен од 13 новинари и членови на граѓански здруженија во 2009 за непотпишаниот текст во „Вечер“ со наслов „Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“.[3] Латас во телевизиска емисија се пофалил дека во неговиот дом од политичарите има влезено само премиерот Никола Груевски и дека тој е негов личен пријател.

Латас бил осудуван од новинарската фела во Македонија поради неговиот непристоен речник и кршење на етичкиот кодекс на новинарите. Во интервју на Сител во 2016, Латас на Зоран Заев, претседател на СДСМ, му рекол дека е „изрод“ и дека „лаже како Турчин“. На однесувањето на Латас реагирале турската амбасада во Македонија и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), велејќи дека ги навредил Турците во Македонија и дека создава искривена слика за новинарството.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 2017 отворило истрага „Тотал“ во која го сомничи Латас за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“. СЈО го товари дека во периодот 2008–2015 тој давал лажни податоци во завршните сметки на фирмите за да одбегне плаќање данок со што го оштетил државниот буџет за 63 илјади евра како физичко и 121 илјади евра како правно лице.Латас исто така преку фактури на фирмите набавувал персиски теписи, рачен часовник, душеци и други предмети за лична употреба.

Драган Павловиќ Латас поднесе оставка од функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител. Во оставката, која ја објави Вечер, се вели:

,,Оставата ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам.

На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет, што е најдолаг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес.

За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.

За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.

Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.

ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива.

Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.

На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега, се вели во оставката.

Претходна статијаКонечно е откриена вистинската причина поради која се скараа Цеца и Аца Лукас
Следна статијаОвој знак во 2019 година го чека голема добивка – од него нема да има посреќен