Милош Петковиќ познат како Дафина, еден од телохранителите на Аркан, раскажа за инцидентот на неговата свадба со Цеца кој го збеснал.
– Имаше голема контрола на вратите, сите криминалци кои доаѓаа мораа да го остават оружјето. Моравме да најавиме кој доаѓа за да видиме дали е добредојден.
Еднаш дојде пејачката Мира Шкориќ и одби да ја претресеме, а ние му јавивме на Аркан. Тој рече пуштете ја, а потоа и удри неколку шамари, вели телохранителот.
Вели имале проблем и со фустанот кој Цеца го шиела во Италија.
– Мораше да се најде некој неосудуван да оди по него. На свадбата влегол непоканет фоторепортер, а Аркан почна да урла. Му го зема апаратот, вели тој.
Обвинителството за воени злосторства соопшти дека сефовите во една банка во Белград на командантот на Српската доброволна гарда, Жељко Ражњатовиќ Аркан, биле празни.
Врз основа на наредба на судија за претходна постапка на Одделот за воени злосторства при вишиот суд во Белград, во присуство на претставници на Обвинителството за воени злосторства и МВР на Србија отворени се сефовите на Жељко Ражњатовиќ, стои во соопштението.
Притоа се наведува дека откако не биле пронајдени клучевите се пристапило кон насилно отворање на два сефа, за кои било констатирано дека се празни.
Обвинителството пред неколку дена соопшти дека е заинтересирано за отворање на сефовите на Аркан за да се утврди дали во нив има нешто во рамки на прибирањето на докази во врска со случаите за кои Хаг во 1997 година го обвини Ражњатовиќ.