Mиле Јанакиевски е префрлен е на скопските клиники по инцидентот во Шутка

0

Двајцата екс-министри кои биле приведени синоќа, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, денеска биле напајднати во затворот во Шутка, пишува скопски Курир.

Јанакиески се здобил со скршеница на раката, додека Ристовски завршил со пукната аркада.

Јанакиески е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Подетални информации за нивната здравствена состојба се очекуваат за кратко.

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.

Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го престепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.

Претходна статијаИспливаа нови детали за Турчинот кој ја предизвика кобната несреќа – пијаниот Алсин ја украл маздатa
Следна статијаСе огласи и кандидатката која Карлеуша ја нападна: Јас можам да го променам фустанот, но ЈК никогаш нема да знае да пее