Изневерив тројца мажи и не ми е жал, бидејќи научив три важни лекции

0

Не ме осудувајте веднаш, прво прочитајте што имам да кажам… Пораснавме мислејќи дека луѓето кои изневеруваат се грозни, тоа го мислев и јас. Постојат три вида на сценарија кога е во прашање неверството. Далеку од тоа дека препорачувам односи со друга личност, но ако некогаш сте изневериле некого, постои и светла точка од таа ужасна одлука.

Првото момче кое го изневерив воедно беше и моето прво вистинско момче. Ми беше најдобар пријател и знаеше како да ме насмее. После осум месеци врска, случајно запознав едно високо плаво момче. Тогаш прв пат видов како изгледа да сакаш нешто што неможеш да го имаш.

Чувствата кон моето момче уште претходно почнаа да исчезнуваат, па немав преголемо чувство на вина кога излегов со другиот. Уште на половина филм бевме еден врз друг. После киното се видовме уште еднаш кај мене. Не ми се допаѓаше тоа што го направив.

Првата последица која ќе ја почувствувате после неверството е тоа дека ќе морате да го прифатите фактот дека не треба да се чувствувате лошо после тоа. Доколку некогаш сте имале чувство дека нешто не е во ред со вашата врска, работите ќе ви бидат многу појасни после неверството.

Вториот пат кога изневерив, дечкото беше прилично позрел. Беше скоро 13 години постар од мене и се сакавме. Меѓутоа, на работа се појави прилично интересен и духовит колега. Беше познат по тоа што ја изневерува својата девојка. Многу флертувавме, а една вечер дозволив алкохолот да ја превземе контролата, и завршивме кај него.

Сепак, во клучниот момент се разбуди разумот и сфатив дека не можам да одам до крај бидејќи и двајцата сме во врска. Следните неколку дена имав огромно чувство на вина и не можев да поверувам дека толку малку фалеше да ја уништам прекрасната врска што ја имав.

Бев среќна со моето момче. Одлучив да не кажувам ништо и си ветив себе си дека никогаш нема да ми се повтори такво нешто. Втората последица на изневерувањето е презирот кон самата себе. Ако ништо друго, може да ви помогне да сфатите дека навистина сакате да бидете со личноста со која што сте .

Трет пат кога изневерив, јас бев таа со која некој изневеруваше. Повторно почнав да се дружам со момчето кое ми се допаѓаше уште кога бев во гимназија. Бевме многу блиски и се почна кога една вечер тој ги откри неговите чувства кон мене.

Тој беше во врска со мојата пријателка и истиот момент се почувствував ужасно. Мислев дека не сум достојна за нејзината доверба. Сепак, имавме односи.

Третата последица на неверството е чувството кое ве тера да се чувствувате како да сте најлошата личност на светот. Кога ги лажете луѓето во лице, се криете и изневерувате од ден за ден – ќе забележите дека се наоѓате во прилично тажно место. Го допрев дното. На самиот крај, изневерувањето повеќе ќе ве повреди вас отколку луѓето што ги изневерувате.

Меѓутоа, според моето искуство, изневерувањето ми покажа кога да излезам а кога да останам во врска. Ме научи што е навистина важно и како изгледа мојата најлоша страна. Еднаш прељубник, секогаш прељубник – за мене е повеќе показател дека некои личности важните животни лекции ги учат на потешкиот начин.

Претходна статијаМажите просто не можат да ги заборават жените родени во овој хороскопски знак
Следна статијаНеделава што доаѓа ќе биде особено важна за овие четири хороскопски знаци