Постојано споделуваме лични информации на профилите на социјалната мрежа. Слики, телефони, каде сме биле, што сме правеле и уште многу други лични работи.
Доколку некој преку вашиот фејсбук профил ги чита вашите лични пораки или пак сака да дојде до нив, може лесно да се дознае.
Од менито на вашиот профил каде што избирате да се одлогирате од профилот, изберете “Settings”. Потоа од менито лево изберете “Безбедност”. Се појавуваат неколку опции, од кои едната е “Известување за најавување”. Активирањето на оваа опција ви овозможува да добивате известување по е-мајл или SMS секој пат кога некој ќе се обиде да влезе на вашиот профил од непознат уред за Фејсбук.
Тоа значи дека ако некој ја знае вашата лозинка и ви влезе во вашиот профил, ќе добиете известување за тоа. Приемот на таквото известување би требало да е сигнал за вас веднаш да ја промените лозинката.
Исто така ви прикажуваме и трик со кој секој може да се логира на вашиот Фејсбук профил…..
Ако сте ја заборавиле лозинката, системот на „Фејсбук“ ви овозможува да се вратите на вашата сметка со вашиот телефонски број, на кој „Фејсбук“ праќа уникатен код со кој може да добиете пристап до профилот.
За жал – ако хакер одлучи да го купи вашиот стар број, може да го искористи ова за да влезе во вашиот профил. Секако, ова важи ако стариот број сѐ уште е поврзан со вашата сметка.
Џејмс Мартиндел пишува во „Медиум“: „Додека Фејсбук често ве потсетува да го поврзете телефонот со профилот, не ве потсетува да ги ажурирате вашите податоци“.
Тој самиот пробал и успешно хакнал профили на други луѓе. Купувал нов телефонски број и кога ја ставал картичката во телефонот, добивал порака од „Фејсбук“ иако не го регистрирал телефонскиот број на неговата сметка.
Тој напишал:
„Бев љубопитен. Знаев дека Фејсбук стандардно им овозможува на луѓето да ја најдат вашата сметка со вашиот телефонскиот број, па го напишав телефонскиот број во просторот за пребарување и видете што се случи“.
Тој напишал случајна лозинка за да може да пристапи до опцијата за враќање на лозинката. Тогаш било лесно да добие код испратен на телефонот, па можел да се најави повторно.
Тој објаснува како овој метод би можел да се искористи во измамите поврзани со многу пари, вклучувајќи продавање сметки на црниот пазар.
Затоа, размислете дали треба да го поврзете телефонот со фејсбук-сметката.