Маж со голи раце успеа да победи планински лав ВИДЕО

0

Американецот Тревис Кауфман (31) со голи раце успеа да совлада планински лав , кој го нападнал во националниот парк Колорадо.

На 4 февруари Тревис бил нападнат од планински лав додека се шетал низ националниот парк во Колорадо.

Тој денеска се појави пред новинарите и раскажа што му се случило.

Лавот скокнал врз него и му ги зарил забите околу рачниот зглоб , а со канџите му го гребел лицето. Тој , сепак успеал да го преврти животното и да го задави со голи раце. Целата борба на живот и смрт траела само десетина минути.

Вели дека почуствувал силен налет на енергија , кога пумата наеднаш скокнала врз него и тврди дека тоа е основниот нагон за преживување. Подоцна стигнал во болница , каде имал посекотини , кои докторите ги закрпиле со 20 копчиња.

За да излезе од паркот , целиот во крв трчал пет километри. Паркот бил неколку дена затворен , а сега повторно е отворен со предупредувања дека има планински лавови , кои може да ги нападнат.

Видеото може да го погледнете тука

Претходна статијаЧленството на СДСМ од Канада побара пратеничката Мира Стојчевска да си поднесе оставка по скандалот со вработување на блиски
Следна статијаФатални заводници по кои ќе копнеете: Вакви се само овие хороскопски знаци