Снег на неколку патни правци- еве каде вее во моментов

0

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел од државата, на некои повисоки места со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Поради обилни врнежи на снег на патниот правец Мавровска раскрсница Дебар и обратно, воведена е забрана за товарни моторни возила.

Како што соопшти АМСМ, забраната стапува во сила од 17:10 часот.

Како што соопшти АМСМ, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Дебар, Прилеп и на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Претходно, од 17:10 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Претходна статијаИмал невидена среќа – Телефонски повик од татка си го спасил од трагедијата кај Ласкарци
Следна статијаИсповед на Едита од Министарке: Пеев, не знаејќи дали мојата мајка ќе го дочека утрото