Малечката Ева и десетмесечниот Лавдим си ја бараат својата мајка – никој нема храброст да мѝ ја каже вистината

0

Валдете Хамити е од селото Дебреше, кое е практично споено со Гостивар. Всушност, таа е со потекло од Тетово, но љубовта ја натера да се пресели триесетина километри подалеку. Била вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје Била среќно мажена, горда мајка на две деца: малата Ева и десетмесечниот Лавдим.

Четиригодишната Ева од гостиварското село Дебреше вчераутро ја побара мајка си веднаш штом се разбуди. Во средата вечерта едвај заспа без неа. Никогаш претходно не спиела сама со татка си и со помалото братче. Едвај ја убедија дека морала да остане на работа и дека ќе дојде штом ќе заврши со обврските.

Сè уште никој нема храброст да ѝ каже дека мајка ѝ Валдете веќе никогаш нема да го пречекори куќниот праг. Животот на 29-годишната жена сурово згасна во автобуската несреќа што се случи завчерапопладне во близина на селото Ласкарци, при што 14 лица загинаа, а триесетина се здобија со повреди.

Гостивар вчера како да беше град на духови. Градот, во кој никогаш не е здодевно, се трудеше да закрепне од силниот шок и од траумата што го снајдоа во студената февруарска вечер. Граѓаните молчешкум се погледнуваа, се познаат меѓу себе, знаат кој и од чие семејство настрадал.

„Како и секогаш, и во средата вечерта ја очекувавме дома во вообичаеното време. Со истиот автобус си доаѓаше дома откако ќе завршеше со работа. Вечерта, кога се прочу дека автобус што сообраќал кон Гостивар се превртел пред Тетово, нè фати јанѕа. Ја баравме на телефон, не се јавуваше. Срцето ни застана во петици. Со нејзиниот сопруг седнавме во автомобил и тргнавме да ја бараме“, сведочи братучедот на Валдете, кого го затекнавме пред семејниот дом во Дебреше.

Река од луѓе доаѓаат да изразат последна почит. Зборовите течат сами од себе.

Потресното сведоштво на семејствата и пријателите на трагично загинатите патници прочитајте го на „Независен весник“.

Претходна статијаГаздата на „Дурмо Турс“ открива што му се случило на шоферот: Самиот изгубил контрола 200-300 метри нема ни кочено
Следна статијаДоктор Ридван Бајрами за Женски магазин: Не сакам кога во јавноста нас докторите не прикажуваат како херои