Газдата на „Дурмо Турс“ открива што му се случило на шоферот: Самиот изгубил контрола 200-300 метри нема ни кочено

0

Два дена по автобуската несреќа почнува полека да се одмотува клопчето. Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај с. Ласкарци.

„Морално се чувствуваме одговорно, тие патници биле членови на нашите семејства, со години патувале со нас. Жалиме длабоко, потресени сме, во шок сме“ вели Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „ДУРМО- турс“ кој во продолжение во интервјуот за 24ТВ вели:

„Со возачот веднаш по несреќата стапи во контакт одговорно лице на возниот парк, тој бил свесен. Одговорил дека ја изгубил контролата. Во повторното прашање дали автобусот ја изгубил контролата или тој самиот над автобусот, одговирл дека самиот ја изгубил контролата.

Веројатно станува збор за некои здравствени причина, се движел автобусот 200-300 метри, нема кочено, ни една реакција на возачот. Возачот дента немал пречекурвање на работното време. Нема пријавено возачот дека боледувал од некоја болест.

Како што е познато вчера од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус вчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочуство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените.

Од фирмата уверуваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Алсат дознава дека истрагата се води во два правци. Едниот утврдува објективни причини за несреќата, како на пример дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне судир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина. Утврдено е дека непосредно пред несреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.

Се утврдуваат и субјективните причини кои би можело да се причина за сообраќајката, пред сè, здравствената состојба на возачот, односно можноста неговото внимание, поради различни причини (телефон, пиење вода и сл.) да било оттргнато од патот.

Имено, според збирно собраните и анализирани информации, автобусот се движел со голема брзина кон Тетово, возејќи по десната коловозна лента. Очевидците укажуваат дека непосредно пред благиот свиок надесно, во атарот на селото Ласкарци, автобусот во обид да претекне патничко возило, кое се движело со помала брзина, нагло свртел преминувајќи на левата сообраќајна лента.

Токму за овој момент се појави и нова шпекулација, дека наводно воланот се блокирал и поради тоа возачот не можел да го врати автобусот во саканата траекторија. Во обидите да го стори тоа, наводно му помагал и еден од патниците, но без успех.

Од Дурмо Турс Гостивар соопштија:

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување.

Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа“, соопштија од „Дурмо турс“

Претходна статијаФОТО Нов срам за студентите – И во „Кузман Јосифоски – Питу“ ќе се „удават“ во сопственото ѓубре
Следна статијаМалечката Ева и десетмесечниот Лавдим си ја бараат својата мајка – никој нема храброст да мѝ ја каже вистината