Засекогаш во моето срце: Карлеуша со трогателна порака за Бобан кој настрада во несреќата со автобусот

0

Српската дива секогаш била и критикувана но и обожавана од македонските граѓани.

Факт е дека има безброј обожаватели од Македонија, а еден од нив бил и младиот Бобан Аврамовски кој е еден од настраданите во несреќата која однесе во смрт 14 лица.

Како молња се рашири страшната вест и стигна и до Карлеуша. Таа на социјалните мрежи напиша тажна порака :

-Во страшна сообраќајна несреќа во Македонија животот го изгубија 14 лица. Меѓу нив беше и Бобан, мојот голем фан кој ми даде многу љубов и поддршка.

Бобан фала ти. Засекогаш ќе бидеш во моето срце. Сочувство до семејството. Сочувство до сите кои ги изгубија своите блиски-, напиша пејачката.

До несреќата дошло кај селото Ласкарци.

Од се уште неутврдени причини автобусот во еден момент свртува остро лево. Се префрла во брзата коловозна лента, по што удира во левата банкина која го дели автопатот со возилата кои надоаѓаат од спротивен правец.

Ударот бил силен. Двете банкини кои служат како заштита меѓу возилата кои се движат во спротивен правец немале никакви шанси пред залетаниот автобус тежок десетина тона. Без контрола над возилото во тој момент, возачот не можел да направи многу.

Автобусот поминал преку лената во која се движат возила во спротивен правец, од Тетово кон Скопје и повторно удрил во банкината која го дели автопатот со стариот пат кој води до Сарај.

Потпорниот ѕид дополнително ги усложнил работите. Автобусот практично го прелетал и паднал на регионалниот пат од висина како до втор кат.

Кога атерирал, уште еднаш се превртел и завршил во нивата во близина.

Претходна статијаДокторите кренале раце од негово спасување, детето со природна терапија се врати во живот
Следна статијаСопственикот на „Дурмо турс“: Возачот ни кажа дека изгубил контрола над самиот себе