По 20 часа талкање по болниците таткото си го пронајде синот кој бил во автобусот што се преврте кај Ласкарци

0

Таткото на Селам Реџепи немаше никаква вест за неговиот син по синоќешната сообраќајна несреќа кај Карпалак. Цела вечер талкал по ходниците на скопските болници за да дознае каде е неговиот син и дали е жив. Се смирил кога на списокот на починатите не го прочитал името на синот.

Денес, 20 часа по несреќата, дознал дека неговиот син е евидентиран со погрешно име и е хоспитализиран во болницата „8 Септември“, јавува телевизијата 21.

– Вчера бевме до два часот по полноќ. Никаква вест. Чекавме во ова болница и на крај ни рекоа дека до утре нема да има никаква вест.

Видовме дека не е на списокот на починатите и се смиривме малку. Тој е информатичар, работи во американска фирма. Секој ден патуваше со овој автобус, веќе неколку години – изјави Селам Реџепи – родител.

Претходна статијаЗимата ни задава нов удар – во овие денови се очекуваат повторно обилни врнежи од снег
Следна статијаЖителите од Ласкарци кои помагаа по несреќата: Од двете страни имаше луѓе на прозорците