Татко веќе повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, пренесе ТВ21.
Таткото на Седат бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација.
Тој вели дека син му не е на имињата меѓу настраданите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.
Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.
Во тек е идентификацијата на загинатите во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово на чии тела е наредена обдукција и се наоѓаат во Институтот за судска медицина во Скопје.
Како што пишува Република, во Судска медицина работеле до 4 часот утрово, обдукцијата на дел од настраданите завршила, а за останатите ќе биде направена денеска.
Извор: Телевизија 21