Само чудо ја спасило бремената 28 годишна трудница од Гостивар која беше во автобусот кој се преврте кај Карпалак.
Таа е во стабилна состојба и е добра кажа директорот на Ургентниот центар.
Бројот на жртви во несреќата која ја потресе Македонија се искачи на 14.
Тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кога автобус излетал и се превртел од кај село Ласкарци. Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат прогласени за денови на жалост поради загинатите, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев. Тој рече дека бројот на загинати се зголемил на 14-мина.
Телата на настраданите се дадени на обдукција на Институтот за судска медицина каде што се врши идентификација.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата за причините за несреќата продолжува и денеска.
Владата денеска и утре ги прогласи за денови на жалост, а општините Неготино и Демир Капија ги откажаа сите настани предвидени за прослава на „Св.Трифун“.
Граѓаните на Скопје се мобилизираа и на социјалните мрежи нудеа помош за роднините на настраданите и повредени патници, од кои, најголем број се од Гостивар. По тој повод, Општина Гостивар денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се донесе одлука за прогласување на тридневна жалост.