Исчезнато е лице Даниела Пецевска од скопско Драчево. Доколку ја имате некаква информација исконтактирајте го семејството на телефонскиот број: 076-360-309. Последно забележана во реон на скопски Аеродром.
-Од понеделникот трае нашата агонија и веќе не знаеме каде да се обратиме. Мојата сопруга ја нема, ова е голем шок за нашето семејство, за сите што не знаат. Не ни се верува дека ова ни се случува, немаме никакво објаснување, а Даниела ја нема – вака за ,,Фокус” раскажува Дамјан, сопругот на медицинската сестра Даниела Пецевска (40) која исчезнала во понеделникот и чија фотографија масовно се споделува на социјалните мрежи.
Како што појаснува Дамјан, таа утрината од нивниот дом во Драчево тргнала на работа, на Гинекологија, каде работела како медицинска сестра. Но, тој ден воопшто не се појавила на работното место. Дури вечерта, откако не успеал да дознае каде е и што се случува со неговата сопруга, тој го пријавил случајот во полиција.
-Нејзиниот телефон последно бил лоциран во близина на Три Бисери, во Аеродром. Апелирам до сите кои имаат било каква информација да ме побараат или пак да се јават во полиција. Даниела утрината кога излезе од дома беше облечена во подолга црна јакна, црни пантолони, тегет кратки чизми, под јакната носеше црвен џемпер на раскопчување. Висока е околу 165 сантиметри, има зелени очи и црна коса – појаснува сопругот.
Додава дека целото семејство е потресено и не знаат веќе што да мислат. Никогаш немале проблеми ниту расправии, се било во ред, и тврди дека Даниела немала никаква причина да замине било каде, без збор, и да го остави семејството.
-Имаме три деца, од кои две се малолетни. Во нашиот брак се функционира во најдобар ред. Никогаш не сум помислувал дека може да се случи вакво нешто, во шок сум. Сите кои добро не познаваат и кои ни се блиски исто така се вознемирени од настанот. Ова не е нешто својствено за мојата сопруга, која е прекрасна личност, стабилна жена и родител. Фотографиите од мојата сопруга се понови, од пред некој месец, се надевам дека некој ќе ја препознае, ќе ја забележи некаде, чекаме вести во неизвесност. Не можам да претпоставам што се случило и многу ни е тешко на сите – вели Пецевски.
Тој апелира до сите кои имаат било какви информации да го контактираат на телефонскиот број 076 360 309 или пак да се јават во полициска станица.
Извор: ФОкус