По синот, од вчера вработен и братот на пратеничката Мира Стојчевска

0

Братот на пратеничката Мира Стојчевска од вчера е вработен во РЕК „Битола“, дознава „Макфакс“. Ова вработување доаѓа истовремено со вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ, на што јавноста реагира дека СДСМ си ги вработува семејствата на најпрофитабилните места.

„Макфакс“ побара одговор од Стојчевска за вработувањето на брат ѝ, но таа вели дека нема информации за ова вработување и додава: „Тој си е фамилијарен човек, јас стварно не знам. Го барав, не ми се јави“.

„Одговорно тврдам дека од мојата позиција како пратеник, не сум влијаела за ничие работно место“, вели Стојчевска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за вработувањето на кадри од СДСМ во државната администрација рече дека два-три случаи на вработување не значат непотизам.

Според Манчевски, сите членови на неговата партија 10 години биле најдискриминирани, па така, го оправдува нивното вработување во јавниот сектор.

Претходна статијаНа Ивана и рекле дека ќе биде продавачка во луксузна продавница, ја ставиле да плеви трева во дворот!
Следна статијаОваа жена сака да го урне Трамп: По Меланија уште една Словенка може да влезе во Белата куќа