Не се гордеам со она што се случи, но се случи. Бев на службено патување од работа, иако ретко патувам. Во хотелот се вратив таа вечер околу 4:30 и не можев да спијам, а досадно ми беше да гледам телевизија.
Излегов од собата, седнав во барот и нарачав пијачка. Еден човек ми пријде и почна неформален разговор. Беше убаво облечен и ме праша дали може да седне до мене. Тогаш сфатив дека сака да флертува.
Нарачавме вино, нешто благо и со саати разговаравме на најразлични теми, од животот дома, деца, работа итн. Беше малку постар од мене, ваљда во неговите 40 ти, јас инаку имам 39. Инаку со мојот сопруг сме 14 години во брак. Никогаш не сум помислила дека можам да флертувам со друг маж, а камоли да бидам неверна.
Не знам зошто така се почувствував во тој момент. Инаку си го сакам семејството и сопругот, но тогаш се почувствував слободна. После некое време тргнавме накај собите, иако си велев дека нема да му дозволам да влезе во мојата соба. Кога се доближивме до вратата од мојата соба му реков дека ми се допана разговорот, но дека сум мажена и не можам да продолжам понатаму.
Тој не се противеше, само ме погледна сакајќи да ми каже дека веќе сум паднала во јамка. Започнавме да се бакнуваме и влеговме кај мене во соба и продолживме со играта. Продолживме со онаа работа, а јас се чувствував како никогаш претходно.
Тоа беше некоја чудна експлозија на емоции. Потоа тој си замина од собата, а јас се почувствував засрамено. Утредента се спремив и го напуштив хотелот набрзина.
Поминаа неколку недели од тогаш, но јас сеуште чувствувам вина. Имам чувство дека треба да му кажам на сопругот. Мислам дека тој има право да знае што се случило и негово е да одлучи дали сеуште сум вредна за него. Не знам што да правам?