Сцена од помало италијанско градче во округот Торино ја шокираше Италија: Минувачите и возачите го забележале осум годишното момче кое на студот само лутало по улиците.
Немал дури ни јакна, само тенок џемпер во кој бесцелно одел долж патот 128 ризикувајќи да го прегази автомобил.
-Мама повеќе не ме сака. Ме исфрли од дома. Сега живее со друг маж, а јас ги барам роднините-тажно им рекло момчето на запрепастените полициски службеници кои го идентификувале по дојава на граѓани.
Италијанската јавност дури сега е известена за она што се случувало на 23 декември минатата година. Со истрагата е потврдено дека момчето ја кажува вистината.
Полицијата ја пронајде неговата 38-годишна мајка, државјанка на БИХ, која потврдила дека не го сака детето бидејќи живее со новиот партнер. Објаснила дека момчето некое време живее со бабата и дедото , додека е непозната адресата на таткото, исто така државјанин на БиХ.
Против двајцата родители е поднесена пријава поради напуштање на малолетно дете, додека грижата за осум годишното момче ја преземале надлежните социјални служби.
Додека траела истрагата, несреќното босанско момче им станало маскота на општинските полицајци, кои се грижеле за него.
Ивана Гавеглио, градоначалничка на Кармагнола, им рекла на новинарите дека судбината на момчето им го скршила срцето на многумина.
-Тој е многу мило и мирно момче. Никогаш не одело во школо. Сместено е во безбедна куќа во која се чувствува прифатен. Тоа е добра работа, позитивен сигнал дека го очекува растење во ниту малку едноставни околности, рекла Гавеглио.