Велика Британија:
Kay Moriarty уште во 70 тите години му предложила на мажот да направат замена на сопружниците.
Тој да биде малку со нејзината прва сосетка, а таа со нејзиниот маж. Вели дека тоа и го уништило семејството …
Пензионираната обвинителка Кеј Мориарти (78) и денес жали поради одлуката која ја донела пред повеќе од 40 години.
Имено, откако прочитала некоја книга за самопочитта и ја дала на нејзината пријателка и прва комшивка Рита.
Кога таа ја прочитала им дошло на памет малку да си ги сменат сопрузите, пишува Мирор.
Кеј го запознала четири години постариот сопруг Роберт кога имала 19 години и откако била во брак во кој добиле две деца таа чезнеела за страствени ноќи во кои нејзиниот брак веќе не бил тоа.
-Секогаш му бев верна на Роберт и тој не е првиот маж со кој сум спиела во животот. Но тајно , секогаш се прашував како би било да се спие со некој друг-раскажала Кеј.
Кога му кажала на Роберт дека сакала промена, тој бил прилично дрзок и не сакал да се согласи, но сопругот на Рита , Тери го заинтересирала идејата.
Одлучиле да одат на годишен одмор заедно со децата, секој со своите и да видат дали идејата ќе запали.
Роберт и Рита први отишле во хотелот, а Тери и јас ги чувавме децата.
Потоа и ние се пробавме во с***от и беше одлично но кога се вративме дома Рита и Роберт ни кажаа дека сакаат да живеат заедно со четирите деца.
Бев во шок, но се согласив да се преселам кај Тери.
Барав нашата постара ќерка, и нивната помала да останат да живеат со нас – се сеќава Кеј.
Така семејствата се распаднаа.
Нејзиниот син кој замина со татко му никогаш не изгради добар однос со мајка му, а нејзината ќерка се оддалечила од таткото кој со новата жена отишол да живее на другиот крај од земјата.
-Иако не го сакав Роберт изградивме стабилен дом. Не можам да верувам дека ја загрозив безбедноста на нашиот брак за една ноќ страст – заклучила Кеј која по седум години се раздeлила од сопругот од сосетката.