Се огласи и возачот на автобусот кој утрово ја откина раката на српската водителка Деа, и тоа на само две минути до нејзиното работно место.
– Се обидов да го избегнам автомобилот, возев споро, но вода имаше на улицата, вели возачот Драган.
Како што пренесоа медиуми од соседна Србија, Деа одела на работа како и секој ден бидејќи требало да ја води програмата со Предраг Сарап. Меѓутоа, доживеала несреќа, а нејзиниот колега ја видел на лице место. Деа требало да ја води утринската програма но се случила сообраќајка.
Автобусот кој тешко ја повредил водителката Деа Ѓурѓевиќ претходно излизгал, поради што возачот целосно ја изгубил контролата зад воланот. Автобусот на линијата 78 според изјавите на возачот наишол на лизгав коловоз, бидејќи имало пукната цевка, од која се излеаната вода подзамрзнала.
„Како што изјави нашиот возач, тој се обидел да ги заобиколи двата автомобили кои претходно биле застанати од судирот. Сепак, не успеал да го исконтролира автобусот кој се излизгал и потоа удрил во друг автомобил паркиран на тротоарот, се одбил од него и потоа се случила страшната несреќа. Во тие моменти возачот не можел да го контролира возилото. Жалиме што се случи ова“ – изјавил Драго Тошиќ, директор на Конзорциум за приватни транспортни компании, пишува српски Курир.
Возачот на автобусот има 42 години и досега немал проблеми, вели Тошиќ, а возилото со кое управувал било во исправна состојба.
Водителката стоела на тротоарот и разговарала со возачот на автомобилот со кој се судрила, кога на неа налетал автобусот и и ја откинал раката.
Водителката стоела на тротоар и разговарала со возачот со кој направила сообраќајка, а на неа налетал автобусот и и ја фатил раката која потоа итната помош и ја ампутирала.