Читајќи го ова ќе ви застане кнедла во грло: Потресно писмо од детенце чии родители се разведуваат

0

Неговите родители се разведуваат, но тој одлучил на најдобриот начин да ги потсети дека не патат само тие, туку и нивното дете.

Покажувајќи дека децата и тоа како ги чувствуваат последиците од разводот, ова дете во зборови ги претворило сите свои емоции.

Неговото емотивно писмо брзо стана хит на интернет, а неговите трогнувачки зборови допреа до секој родител кој го прочитал.

Драги мамо и тато, знам дека патите. И јас патам.

Се чувствувам како да се хранам со вашата тензија, страв и шок. Иако сум млад и не можам вербално да опишам што ни се случува во нашите животи, го чувствувам влијанието.

Срцето ми се крши секој пат кога треба да се откажам од некој родител.

Моето чувство на сигурност исчезна.

Ве молам не претпоставувајте дека сум отпорен. Не претпоставувајте дека животот ќе ми биде ист како претходно и дека ќе продолжам исто да ве сакам.

Јас сум човечко суштество, исто како и вие. Моите потреби се исти како вашите. Ми треба љубов, внимание, грижа, стабилност, доследност, наклонетост, разбирање, трпение и најмногу да бидам сакан.

Кога се карате за мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми праќате порака дека победата во кавгата е поважна од мојот живот.

Учам од вас дека подобро е да се биде во право отколку да се биде сакан.

Ме учите дека ме направила личност која е невозможно да се сака и која не е во ред и дека и јас на некој начин не сум во ред.

Можеби не го разбирате ова денес, јас сум толку мал што не ни размислувате за мојата иднина, но заради вас имам поголеми шанси и самиот да се разведам.

Мојата сигурност е ваша работа. Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани од светот.

Еден ден, овој почетен шок ќе избледи. Но, тоа какви родители бевте во текот на оваа криза никогаш нема да избледнее.

Или ќе ја чувствувам вашата смисла за несебичност, поддршка и заштита, или ќе имам лузна на срцето со порака во која пишува: „Добрите работи им се случуваат на добрите луѓе.

Јас мора да сум лош.“

Претходна статија(Видео) Солзите сами ќе ви течат: Оваа жена прв пат после 40 години си го слушна гласот
Следна статијаОваа жена добила писмо од тотален странец – Нема да поверувате што имало внатре