Џоан Милн страда од Ашеров синдром, што претставува многу ретка болест која ги погодува сетилата за вид и слух.
Таа е родена глува и така живее сиот свој живот.
За жал, во дваесеттите години го изгубила и видот, кога животот ѝ станал значително потежок.
На 40-годишна возраст се решила на имплантација на апарат за слушање, а морала да чека дури 4 недели за да се види дали операцијата била успешна.
Ова е моментот кога се вклучува апаратот за слушање и таа за првпат го слуша својот глас и гласот на докторката кој предизвикува силни емоции кај Џоан.
„Многу сум среќна.
Во изминативе 48 часа слушнав како некој се смее зад мене, како птиците црцорат и се дружев со моите пријатели, кои не мораа да ме тапнат по рамо за да ми го привлечат вниманието.
Тоа е голем напредок“ – вели Џоан.