Венецуела се распаѓа, граѓаните гладуваат, а децата на Мадуро се расфрлаат со пари

0

Додека Венецуела е во криза и народот гладува, блиските на претседателот Николас Мадуро, неговото семејство и соработниците уживаат.

Мадуро е фотографиран во скап ресторан во градот Истанбул.

Додека милиони луѓе ја напуштаат Венецуела поради сиромаштија, немање на храна, лекови, струја, вода и други основни работи за живот, за некои пак и не е така тешко.

На пример, претседателот Николас Мадуро е познат како гурман кој сака да јаде по луксузни рессторани, но неговиот посинок, односно синот на неговата сопруга Силија Флорес, отишол предалеку со покажување на своето богатство.

На друштвените мрежи се појави снимка на која, се гледа како посинокот на Мадуро во хотел во Монако влегува во позлатено „ферари“.

Посинокот на Мадуро вози автомобил прекриен со злато. На посинокот Јосвал Гавидиа Флорес друштво во трошењето во Париз му прави и другиот посинок, Валтер Гавидиа Флорес. Тие заедно потрошиле 45.000 долари за ноќевање во хотелот Риц.

Марија Габриела, ќерка на екс претседателот на земјата, Хуго Чавез е една од најбогатите жени во Венецуела. Таа рапсолага со богатство проценето на четири милијарди долари, што се чуваат на нејзините сметки низ Европа.

Втората ќерка, Росинес Чавез ја напушти земјата и сега живее во Париз.

Во земјата основните животни трошоци се за 16 пати поскапи од минималната плата.

Претходна статијаПорасна ќеркичката на Кемал и Нихан од Карасевда и изгледа прекрасно ФОТО
Следна статијаУтрешниот ден ќе биде најсреќен за овие хороскопски знаци – Дневен хороскоп