Се огласи и градоначалникот на Аеродром Марин, по објавите дека се допишувал со сопругата на Саше Политико

0

Откако неколку медиуми објавија преписка меѓу градоначалникот на Аеродром и сопругата на Саше Политико, Златко Марин испрати демант на овие информации.

Наводните скриншотови од разговори помеѓу градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, и сопругата на Саше Политико се лажни, објави на Фејсбук градоначалникот Марин.

“Ова е безобрзаен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација.

Барам извинување и официјален демант на лажната вест од сите портали и физички лица кои ја имаат пренесено оваа груба лага.

Во спротивно најавувам тужба за клевета и навреда за сите оние кои ги шират лажните вести “, вели Марин.

Претходна статијаНов циклон се ближи кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат – очекувајте нова промена на времето
Следна статијаЗаплака и Патријархот – Девојка прва стигна до крстот, па испрати силна порака