Точно на полноќ почнува голем и тежок христијански празник – Постот е задолжителен и ригорозен

0

На 18 јануари се слави празникот Водокрст

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг. Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир. Kако што е запишано во Евагнелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител посведочил, кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан. За осветувањето на водата и за чудесата на осветената вода Св.Јован Златоус во својата беседа за крштевањето вели: „Овај е ден во кој Христос се крсти и ја освети природната вода. На полноќ на овој празник сите црпат вода и ја носат во своите домови и ја чуваат со години. Водата не се расипува“.

Според кажувањата на старите Охриѓани, во тие денови, односно ноќи скитале умрените, караканџолите, вештерките, аветите, вампирите и сите тие нечисти сили правеле оргии. Секој од нив, кого ќе го затекнеле ноќите надвор од дома, задолжително во појасот носел, лук, сол, леб или слично нешто како заштита од нечистите сили. Имено според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе му ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековите. Ода таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице.

Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост. Рано наутро на знакот од камбаната сите кумови одат во црквата. Секој со себе носи котле со вода и во него крстот што и припаѓа на таа компанија. Откако попот ќе ги провери сите крстови дали се правилно врзани со босилекот, (треба да има толку гранчиња колку што има куќи компанијата) ги пее сите крстови заедно, и со тоа ја осветува (крштева) водата. Со овој чин, оваа вода добива профилактичка моќ, со неа во текот на денот се прска низ куќата, шталата, и другите простории и има цел да ги избрка сите лошотии. Прскајќи од оваа вода кумот благословувал: “Кај што помина чесен крст, да е чесно бериќетно, кај што капнало капка вода, сребро и злато да капит, да се родит бериќетот.„

Во големиот кивот, во Бигорскиот манастир, изработен во 1834 год, а бил направен по нарачка на игумен Арсениј и е заедничка работа на зограф, резбар и кујунџија. На капакот од надворешната страна на кивотот, во медалјон од ковано сребро, е изработено Распетието Христово со Богомајката и Св. Јован, а од внатрешната страна, зографите Михаил и Даниил ги живописале ликовите на светиите, чии мошти се вградени во кивотот. Истите овие ликови се прикажани во сребрена релјефна гравура, претставени во кивотот. Тука се наоѓаат моштите на Св. Јован Крстител, кои се мироточиви и исцелителни.

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост.

Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Претходна статијаЛоши вести – Се очекува зголемување на цената на горивата во Македонија
Следна статијаФОТО Пред Врањеш, оваа македонка за малку ќе ги разведеше Јелена и Душко Тошиќ