Малиот Вања Фокин, десетмесечното бебенце кое во рушевините на зграда во Русија беше затрупано на температура под нула, околу 35 часа, се разбуди од кома и тоа на Божик.
Малото бебе е многу подобро и чуде е како се разбудило на празникот, изјавила руската министерка за здравје.
Бебето ги отворило очињата и прозборело што значи дека за среќа нема компликации.
Малиот Вања преживеа експлозија на зграда и беше затрупан на -17 степени.