Доаѓањето на Спасителот се слави со семејството: Пред Божик зад Божик, кај и да си, дома да си

0

Македонската православна црква, божикните празнувања ги спроведува водејќи се по јулијанскиот календар, според кој Бадник секоја година се слави на 6. јануари, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање.

Поговорката: „Пред Божик зад Божик, кај и да си, дома да си“ од дамнина е позната и практикувана кај православните верници. Всушност, оваа поговорка има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.

Второто значење е сосема практично – да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом. Според македонските обичаи, на големиот христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите во соседството, чукаат на вратите и пеат коледарски песни.

Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари. Бадник или Коледе, според христијанската традиција, се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос. Македонската православна црква, божиќните празнувања ги спроведува водејќи се по јулијанскиот календар, според кој Бадник секоја година се дочекува на 6. јануари, а Божиќ на 7. јануари.

Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и божиќните пости. Етимологијата на зборот Бадник некои ја поврзуваат со глаголот „да бидеш буден“. Таа ноќ сите во домот не заспиваат, туку ноќта ја минуваат будни. Затоа се верува дека зборот „бадник“ всушност потекнува од „будник“.

Постои и друго објаснување за потеклото на именувањето на празникот со Бадник, кое се поврзува со бадниковите гранчиња што се носат во домот на овој ден, а всушност се гранчиња од даб, па од „дабник“, со пермутирање на слоговите се добило „бадник“. Но според сите толкувања на обичаите, Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството. Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник.

Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје … и се’ што асоцира на богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ.

На Бадник во секоја куќа се меси кравајче, пита или погача во која се става паричка. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата.

Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. И за овој обичај постојат варијации во спроведувањето во различни краишта на Македонија. Некаде, најмногу во западна Македонија, овој обичај со паричка во лепчето се прави за Василица.

Истражувачите сметаат дека во претхристијанскиот период, овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица.

Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обновување на животот. Подоцна, христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците заради Сонцето, туку заради оној што го создал Сонцето“.

На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. Со овој чин завршуваат божиќните пости и верниците што постеле веќе можат да се омрсат на божикниот ручек.

Претходна статијаОва се петте хороскопски знаци на кои 2019. година им носи среќа во љубовта
Следна статијаПред Мрка, Ана Бекута 10 години живееше со овој бубњар, а го остави за клавијатурист ФОТО