„ Маркијан, љубов моја, да знаев дека ти ќе бидеш причината за да научам како и невозможното е возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како што си ти.
Моето сѐ си ти, но и сите ближни, сите луѓе околу тебе и сѐ што Бог ни дал за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и за секојдневиео твое: „Мамичке, многу те сакам.
„ Одлучив да бидам борец и да не ги прифаќам мислењата дека Маркијан нема да може да трча, да зборува, да вози велосипед. Верував во мојот малечок херој и во Бога. Еден ден ми се јави еден доктор по квантна медицина, и ми предложи да влеземе во една руска студија за нова метода на лекување со звук и со музика преку информација од ДНК. Јас постојано му пеев и му пуштав музика.
Почнав да му се обраќам со пеење и со обични предлози од типот: „Ајде да одиме надвор“, или: „Сега ќе јадеме“ ги отпејував.
Пред да наполни четири години и десет месеци бевме и во манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. На враќање во автомобил, за прв пат кажа ДА. Потврдно одговори на прашање и рече мама“, додаде пејачката
Во интревју за Женски магазин лани, Ребека отворено зборуваше за ретката болест на синот, туберна склероза.
„ Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. Видовме тумори на срцето, но не и промена на срцевата работа. И покрај високите сомнежи, ние одлучивме Маркијан да продолжи да живее и да ги прифатиме сите предизвици и искушенија доколку навистина следат. На тримесечна возраст прв пат ги забележавме симптомите – епилептични напади.
Од тој момент почнаа сите детални испитувања и патувања, консултации низ многу болници. Денот ни започнуваше со прашањето дали и колку напади ќе има, дури имаше и периоди кога во еден ден забележувавме и по стотина“, раскажа пејачката која е основач на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.
„ Го гледате детето пред вашите очи како се бори за живот и барате терапија која ќе му ги сопре нападите. На два пати Маркијан за малку ќе го изгубевме. Молитвите и вербата во Бога, разговорите со него, беа мојот спас. Слава на Бога за силата и здравјето што ни ги даде во тие тешки моменти“, се присети Ребека. Маркијан сега е ученик во петто одделение во Основното училиште “Димо Хаџи- Димов“ и е одлично прифатен од другарите и од наставниците.
Од 2013 година, домот на Ристески е повесел и побогат за уште два члена, близнаците Макариј и Доротеј за кои Ребека вели дека го обожаваат братот
Извор: Женски магазин