Вистинска убавица: Гоце Тодоровски ја покажа ќерката Сашенка ФОТО

0

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни.

Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, а пред два дена ја одигра и својата последна претстава во Драмскиот театар каде беше испратен со громогласен аплауз од публиката и колегите, па веќе се пензионираше.

Актерот во интервју одамна рекол дека му е жал што неговите деца не тргнале по неговите стапки, ама дека е горд на нив. Тодоровски е познат по бројните улоги во „Македонски народни приказни“, ама и по улогата на Цанде во „Солунски патрдии“.

По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.

Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

1986 – најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“

По неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот.

Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски!

Претходна статијаОтидовме млади, сега се враќаме стари – Чичко Душко поминал 35 години во Германија
Следна статијаНова љубов и покачување на плата ги очекува овие хороскопски знаци во новата 2019 година