Пејачката Сузана Јовановиќ од првиот брак има син Даниел, а од вториот брак со Саша Поповиќ има ќерка Александра.
Сузана и Саша својте деца ги изведоа на вистински пат, а пејачката кажува дека имала среќа што го запознала Поповиќ кој Данијел го прифатил како свое дете.
Таа раскажува дека вистинскиот татко на Данијел воопшто не прашал за својот син се додека не тргнал во основно училиште, исто така дека Даниел може да смета на Саша и Сузана секогаш.
Саша постојано нагласувал дека жали што не е вистински татко на Данијел и често му го повторувал тоа. Тој исто така е многу горд на него и заедно работат во студиото.
– Татко е оној кој се грижи за вас, ве сака, ве образува…Сале е се тоа за моето дете. Секогаш вели Даниел е мој син, вели Сузана.
Таа вели дека е среќна што нејзиниот син е на прав пат, што се бори во животот и вели дека не сака да се експонира во јавноста.
– Мили ми е кога ќе слушнам пофалба, не ни сакам да го спомнувам поранешниот сопруг. Моето дете има татко и тоа е Саша, изјави таа.
Саша Поповиќ како директор на Гранд направи кариера на многумина и од нив направи успешни, големи и богати ѕвезди, но не и од својата сопруга Сузана Јовановиќ со која долго е во брак.
Тие се заедно две децении и имаат 18-годишна ќерка, а Сузана има и син кој Саша го има прифатено како свој.
Кога стапија во брак Сузана пееше, но брзо стави точка на кариерата. Таа конечно се огласи на таа тема:
– Има многу активни пејачи, јас престанав активно да пејам и си се посветив на семејството. Кога се роди ќерка ни по бомбаррдирањето, сакав да ја земам улогата на мајка, така и сторив. Никогаш не зажалив, рече таа и ја затвори устата на сите кои за ова прашање го обвинуваа Саша.