Во хит серијата Преспав се појави и познатата водителка Лила Стојановска ВИДЕО

0

Од минатата недела започна да се емитува третата сезона од популарната македонска серија „Преспав“, а освен веќе познатите ликови на тимот му се приклучи и Бугарката Преслава.

Вчеравечер на Македонската телевизија се емитуваше епизодата насловена „Селски туризам“, а на крајот се појави специјална и позната гостинка во пансионот.

Имено, продуцентите ја избраа познатата ТВ водителка Лила Стојановска која на кратко се појави како неочекувана гостинка кај преспанци. Во врска со ова свое поинакво искуство пред камери, Лила на својот Инстаграм напиша:

Одам полека…нешто као сум многу лабава. Во вечерашната епизода на ситкомот “ПРЕСПАВ “ се појавувам кратко ама искуството е феноменално и благодарам на екипата за оваа можност и што бев во друштво на феноменални професионалци, напиша Лила.

Како изгледаше снимањето на оваа сцена погледнете од видеото тука

-Самата жанровска реализација на претходните две сезони, неговата промоција во медиумскиот простор и афирмација од страна на публиката, како и високите креативни и продукциски стандарди кои ОХО ги постави со „Преспав“ беа мотив за поддршка на овој проект од страна на МРТВ. „Преспав“ со сигурност ќе ја збогати програмата на националниот сервис и ќе поттикне креирање на вакви слични проекти, затоа што јасно се покажа дека Македонија има капацитет за создавање на квалитетни аудиовизуелни продукти – изјави Марјан Цветковски, директор на МРТВ.

Актерската екипа добива засилување од една доминантна дама во главната улога, актерката Јана Маринова од Бугарија. Маринова е позната кај македонската публика по главната улога во бугарската серија „Врски“, достапна на еден интернационален кабелски канал. Во главните улоги остануваат: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели кои во третата сезона стапуваат со голем ентузијазам и оправдана гордост од досегашните успеси и со желба за создавање на дело за паметење.

Идејата и концептот на „Преспав“ се на Елеонора Венинова и на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.

-Верував во овој медиумски културен производ уште од самиот почеток, а денес можам да кажам дека сум и горд на она што го постигнавме. „Преспав“ е комуникациски модел за симултано прикажување на европските вредности пред македонската публика. Како во претходните сезони, така и во третата, секоја епизода е активистички стремеж за излегување од вечната македонска транзиција и конечен соживот во пристоен општествен амбиент. Автентичен, но со европски вредности. Како продуцент го истакнувам интернационалното проширување на екипата и најавувам многу новости во насока на прикажување на „Преспав“ надвор од границите на Македонија, во земјите кои се во исто транзициско „тавче“ како и ние – изјави Пеце Талески, продуцент на „Преспав“.

Претходна статијаСтигнав на дното: Отидов да работам на брод, но работите отидоа во погрешен правец
Следна статијаРабота во Стокхолм може лесно да се најде, особено ако зборувате шведски – јас најдов за 2 дена штом се доселив