Водителот на Канал 5, Ване Маркоски на емотивен начин се прости од Јована

0

Статус на Ване Маркоски:

“Во болница бевме во ист период. Мене само доволно ми беше да го отворам твојот ФБ и денот да ми биде одличен, без разлика каде бевме двајцата. Излеговме и ја продолживме комуникацијата со покана да ми гостуваш во емисија, да раскажеме за твојата борба со ракот. После неколку месеци од емисијата ми пиша:

* Ване добро утро. Вчера ми го прочитаа Пет скан и директорот на онкологијаа вика ЗДРАВА СИ, нема малигнитет во моето тело. Би сакале заедно со него да гостуваме на емисија да допреме до рецептот за УСПЕШНО ЛЕКУВАЊЕ КАРЦИНОМ. Ти благодарам, пресреќна сум. После 18 месеци – живеев за вчерашниот ден. Гушки пријателче мое….

Поминаа повторно неколку месеци и следејќите колку го сакаш и веруваш во животот, побарав поддршка од тебе, бидејќи имав лош период. Тогаш ми кажа нешто кое ќе го паметам додека сум на овој свет:

* Љубовче мое .. само диши длабоко и замисли го секој ден како да ги живееш последните 24 часа и магијата во твојата душа ќе се ослободи… само денеска,е 16/07/2018 и никогаш повеќе… искористи го мудро…

…И сега не напушти. Ќе ги нема твоите инспиративни приказни за животот, но затоа ќе ја има твојата енергија насекаде околу сите што те познававме, бидејќи ќе мора да продолжиме да го гледаме животот како што не учеше ТИ.
И не случајно, во саботата те спомнавме со нашата заедничка пријателка Slobodanka Ilievska.

Не те знаев долго, но доволно да имам чест што комуницирам со таков човек. Душите како тебе не умираат. Одат на некое подобро место. Почивај во мир, драга Јована.”

Претходна статијаКога ќе остарете ќе сфатите колку ви е потребно да имате дете
Следна статијаЕдна жена ги отвори очите и ме гледаше додека се обидував да ја спасам, раскажува пожарникарот Иван