Нема поголема болка за мајката како што е загубата за детето, но во еден неверојатен случај една жена добила прилика повторно да го види изгубеното дете.
Годината била 1949. . а светот бил неописливо поинаков. Младата жена Геневива Пуринтон имала 18 години и била бремена. Иако не се спомнуваат нејзините околности, логично е да се претпостави дека ситуацијата во која била жената не била завидна.
Геневива со времето требало да роди и родила девојче.
-Реков дека сакам да го видам бебето-се сеќава жената, а лекарите и нејзиното семејство и соопштиле неубави вести. И рекле дека бебето не преживеало.
Тоа ја тиштело цел живот. По многу години завршила сама во старечки дом со мало семејство кое би и можело да и помогне.
На другиот крај на државата имало една жена опкружена со семејство, но со голема дупка во срце. Од кога знае за себе Кони Моултруп ја интересирало кои и се биолошки родители.
-Се сеќавам кога имав пет години, посакав да ја најдам мојата мајка-им рекла на новинарите.Минатиот Божиќ семејството одлучило да и помогне на единствениот начин кој им бил достапен. Тие со комплициран процес со соодветна опрема за читање ДНК анализи го прочитале нејзиниот ДНК.
Единствен начин на кој можете да размислувате за својот ДНК е како за вашата животна приказна. Во него се содржани информации кои може да се споредат со ДНК на други луѓе .Еднакво како што можете да одредеите кој е писателот што напишал по неговиот стил на пишување, така научниците може да одредат кој е со кој роднина во семејството според ДНК анализа.
Иако повеќе од тие анализи се користат како дел од криминална истрага, може да се примени и за одредување предци и потомци. За личности кои бараат изгубени членови на семејството, како што Кони ја барала својата мајка, и фирми може да помогнат.
Кони по некое време добила неколку имиња и одлучила да ги пронајде своите корени.
Наскоро стапила во контакт со роднина која никогаш не ја запознала. Го спомнала името на својата мајка, која и го дала фирмата. -Тоа е мојата тетка, одговорила роднината, а тогаш додала дека уште е жива.
Недолго потоа, Геневива, сега 88 годишна старица нестрпливо чекала пред вратите на старечкиот дом држејки се за својата помошна апаратура за движење. Неколку моменти ја делеле од запознавање со ќерката која толку одамна ја изгубила.
Кога се сретнале, веднаш заплакале. Тука си, меѓу мене, рекла Геневива како да не можела да им верува на своите очи.
Жива сум-рекла Кони низ солзи.
Срамотно и грозно е што Геневива морала да живее со тешки лаги. Поради апсурдни, социјални причини, нејзиното дете и е одземено а таа живеела со страшни болки.
Но сега тоа се може да го остави во минатото. Не само што нејзината ќерка е жива, туку има и добар живот.
Геневива го поминала патот од самотијата до тоа конечно да ја запознае својата ќерка, внуци и правнуци.
Ништо не може да го надомести изгубеното време , но Геневива може да биде утешена знаејќи дека нејзината ќерка има убав живот.
Чудо е тоа што успеале да се запознаат после толку многу години. Кони сега може да дознае се за жената за која сонувала и може да биде со неа во моменти кога најмногу и треба.