Тажната приказна за Дедо Мраз и подароците во новогодишен чорап

0

Кај голем број од луѓето постои традиција, подароците за Нова Година да ги ставаат во шарен новогодишен чорап, кој се обесува близу до елката. Всушност, се верува дека подароците таму ги остава Дедо Мраз. Сепак, малкумина се запрашуваат од каде потекнува таа практика. Ќе се обидеме да дадеме одговор на тоа прашање преку една приказна раскажана од старите.

„Многу одамна си живеело едно сиромашно момче кое немало новогодишна елка. Се ближела Нова Година, а момчето било тажно бидејќи знаело дека Дедо Мраз ќе нема каде да му остави подароци. Пред да си легне момчето си ги испрало чорапите и ги ставило да се сушат обесени над огништето. Бидејќи имало само еден пар чорапи, момчето морало да ги пере секоја ноќ пред легнување.

Ноќта дошол Дедо Мраз и се изненадил кога видел дека нема елка. Се запрашал каде да ги остави подароците за момчето, а потоа ги забележал чорапите и решил да ги наполни со подароци.

Следното утро момчето ги пронашло чорапите полни со најубави изненадувања. Пресреќно, побрзало да им каже на своите другарчиња и тие да си стават чорапи на огништата.

Веста се прочула надалеку, па следната Нова Година многу семејства си ставиле новогодишни чорапи во домовите.

И сè уште многу од нас го прават тоа…“

Претходна статијаПет семејства завиени во црно: Преживеаните патници откриваат што се случувало последните секунди пред да дојде возот
Следна статијаКриза во бракот – Дознајте како да препознаете дека врската е лажна