Последната и најјака полна месечина во 2018 година ќе имате прилика да ја видите на 22 декември. Поради студените денови во кои се јавува неа ја викаа и Студена/Ладна Месечина, а поради тоа што во прашање е последната полна Месечина во годината, позната е и како Долга месечева ноќ. Според верувањата, на оваа полна Месечина треба да посакате некоја желба и таа ќе ви се оствари.
Имајте на ум дека оваа полна месечина ќе биде во знакот на Ракот, во четвртотот поле на домот и семејството. Емоциите ќе бидат многу нагласени, а бидејќи Месечината ќе биде и во аспект со Сатурн, работите нема да бидат лесни. Многумина ќе се вратат во минатото со помош на сеќавањата кои можат да бидат и добри и болни, што зависи од аспектот во личниот хороскоп.
Секако, бидете во друштво на семејното опкружување и прославите. Избегнувајте расправи и гледајте собирите да ги доведете во енергијата на љубовта, топлината и хармонијата.
Бидејќи Венера ќе биде во знакот на Шкорпијата таа ќе направи добар аспект со Нептун, па има и добри шанси таа вашите негативни емоции да ги трансформира во хармонија и љубов.
Пред многумина од вас се убави и хармонични случувања за време на оваа полна Месечина, но некои можат да имаат стресен и тежок период. Најголемо влијание ќе осетат лицата од првата декада на Ракот, Јарецот, Овенот и Вагата.
Бидејќи полната Месечина паѓа во првата декада на Ракот, така сите кои се родени во првата деката на секој знак ќе почувствуваат јаки вибрации.