Мојот сопруг беше едно техничко директорче во едно јавно претпријатие. Цели пет години беше на “власт”. Колку само непроспиени ноќи имам поминато, чекајќи го да се врати од дружбите со неговите колеги и другарчиња. Маж ми беше многу омилен лик, постојано му зврцкаше телефонот, беше “баран”.
Јас се обидував да го потсетам, колкумина од тие што му се улизуваа ги познавал пред да стане директорче. Се обидував да се одважи и понекогаш да им заврти телефон на другарите, ама тие вистинските шо му беа пред да биде директорче и пред да се вработи во ЈП, кога работеше се и сешто за да донесе некој денар дома. Ама попусто, тој беше во облаци.
Соругот мој седеше на главно место во кафана, онака демек спонтано, му доаѓаа музичарите и му свиреа на увце (всушност полтроните без да види ги плаќаа, не дека е он многу убав или некој боемчина), добиваше частовки. Кога ќе му се јавев да го прашам кога ќе си дојде, онака бесрамно ми велеше, на деловна вечера сум, остај ме сега, а во позадина ечеше музика и се слушаа псовки од простаците околу него.
Се сомневам дека можеби и женски му местеа, мада за војла на вистината никогаш до ден денешен не ми се потврија тие сомнежи. За нас дома му остануваше малку време. Па и на спорт почна да оди фраерот, у некоја сала, со главниот директор и полтроните. Ееееј топка немаше шутнато у живот, сега ми се фалеше дека голови давал!! Сигурно му попуштале.
Но, дојде крајот. Падна од власт партијата на мажот ми и по еден месец го сменија и него од позиција. Го фрлија таму во некоја канцеларија да биде лево сметало. Тој како да не беше баш свесен, па продолжи да им врти на другарчињата шо се пијанчеше со нив.
Ама тие нормално почнаа да го откачуваат. Шо ќе им е сега. Сега има ново директорче кај шо треба да п.шат за некакви ситни бенефиции.
Еве го сега, телефонот знае и по два дена да не му зазвони и конечно му стана јасно што се случува. Почна да си го враќа филмот и почна сега околу мене да се “мити”.
Му простив јас, сеуште го сакам, иако сто пати помислив за развод. Ама тоа е, мажите знаат да бидат плитки во паметот и да се поведат од емоции. Плачи сега, ама плачи ради тоа шо беше глуп, не дека те напуштија новокомпонираните другарчиња.
Би сакала да останам анонимна, бидејќи ако случајно дознае дека сум пишала, ќе се разочара уште толку.
Името и презимето познати на редакцијата. Авторски текст, не смее да се превзема од други портали.