Македонскиот актер Игор Џамбазов го активираше својот Инстаграм профил, каде веднаш почна да споделува моменти од професионалнитее ангажмани, но и од приватниот живот.
Тој, веројатно носталгичен по детските безгрижни денови, објави стара фотографија од него и неговата сестра Тња кога биле деца.
-Тања и јас… напиша Џамбазов во опис на фотографијата.
Тања е архитектка која со успех работи во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.
Таа ретко доаѓа во Македонија, а последен пат во Скопје беше пред три години, кога Игор поради здравствени проблеми го одложи концертот во салата во „Борис Трајковски“.
Тања и Игор имаат уметнички гени на дедо им Петре Прличко, и на родителите, композиторот Александар и глумицата Анче Џамбазова.
Во 2016 година таа сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на Бертолд Брехт.