Машки калкулатор – вистински хит во светот: Пресметајте колку вистински вреди вашата сопруга

0

Во последно време, многу кинески интернет страници на своите форуми објавуваат “машки калкулатор” кој ја пресметува вистинската вредност на жената, а се базира на низа прашања.

Одличен резултат за вистински вредна жена би бил 9.500 бодови, а некои добиле и многу лоши резултати. Повеќето мажи го сфатиле овој калкулатор како забава, а некои жени биле навредени сметајќи дека бракот не е производ и дека на тоа не може да се стави цена.

Еве како да пресметате колку вреди Вашата жена:

– Ако е повисока од 160 сантиметри – за секој сантиметар над тоа додадете по 100 поени

– Ако е пониска од 160 сантиметри, за секој сантиметар под тоа одземете по 100 поени

– Долга коса + 150 поени

– Ако знае да танцува + 100 поени

– Ако има повеќе од 55 килограми – на секои 5 килограми одземете по 100 поени

– Ако има помалку од 55 килограми – за секои 5 килограми додадете по 100 поени

– Ако е кратковида – ако степенот на кратковидост е поголем од три за секој степен повеќе одземете по 100 поени

– Ако имала врски пред Вас – за секој пат кога е оставена одземете 100 поени, а за секој пат кога оставала додадете 100 поени

– Ако никогаш немала дечко пред Вас + 100 поени

– Ако е постара од 23 за секоја година повеќе одземете 100 поени

– Ако има историја на некоја болест за секоја болест одземете по 100 поени

– Ако не знае да игра друштвени игри одземете 100 поени

– Ако не пие + 100 поени

– Ако многу пие одземете 200 поени

– Ако пуши одземете 200 поени

– Ако сака животни + 50 поени, ако има домашно милениче + 100 поени

– Ако знае да готви + 300 поени

– Ако е слатка и нежна + 100 поени

– Ако е детинеста и тврдоглава одземете 200 поени

– Ако Ве носи на дружење со нејзиното друштво + 100 поени

– Ако знае да се грижи за вас – не Ви дозволува да пиете и пушите + 100 поени

– Ако не Ви го контролира приватниот живот + 100 поени

– Ако Ве малтретира да одите со неа во шопинг одземете 100 поени

– Ако се шминка како што сакате Вие + 100 поени

– Ако не знае да пере на рака одземете 200 поени

– Ако секојдневно се расправа со Вас одземете 200 поени

– Ако прва Ве побара после расправија (независно кој бил виновен) + 100 поени

– Ако можете да ја заспиете со приказна секоја вечер + 100 поени

– Ако се однесува убаво + 100 поени ако се однесува убаво само кон вас, а не и кон другите + 200 поени

– Ако плаче заради Вас + 100 поени

– Ако и Вас Ве расплакува одземете 100 поени

– Ако не бара да и купувате нешто + 200 поени

– Ако не е комплицирана и не пребарува пред Вашите пријатели + 100 поени

– Ако знае да се нашминка + 100 поени

– Ако Ви пере + 100 поени

– Ако е зрела личност + 100 поени

– Ако не се смее додека е со Вас одземете 200 поени

– Ако сака да ја напуштите работата за повеќе да бидете со неа одземете 200 поени

– Ако Ви поклонува работи кои сама ги направила + 100 поени

– Ако Ви вели дека сте грд одземете 200 поени

Колку вкупно поени добивте?

Претходна статијаСкапо ја платив цената на сопствената грешка – До негде ги заслужив солзите
Следна статијаИгор Џамбазов објави фотографија со својата сестра Тања