Владимир Путин, претседателот на Русија, оствари средба со Артјом Паљанов од Ленинградската област, детето кое сонува да го види Санкт Петербург од птичја перспектива. Рускиот претседател го остварил претходно даденото ветување дека ќе му ја исполни желбата.
“Сакам да ви ја честитам Новата година и Божиќ”, рекол Путин на состанокот со семејството .
Рускиот претседател го интересирало како детето се сетило да ја погледне северната престолнина од птичја перспектива. Артјом одговорил дека е интересно да се гледа Петербург од висина, како и било кој друг град.
Путин му ја покажал трасата на летот на детето, по што заедно ги отвориле подароците. Претседателот лично го испратил до хелиодромот, а пота детето тргнало на екскурзија со хеликоптер над градот.
Артјом живее во селото Тајцици, во Ленинградската област. Тој е едно од петте тешко болни деца чија желба претседателот ветил дека ќе ја исполни.