Неделка од Скопје: Мајка ми замина и ме остави сама – на 16 години останав без пари и со здравствени проблеми

0

Сите луѓе имаат многу желби, а болните само една- да оздрават.

Исто и Неделка Чучуковска која има парализа, но истовремено има можност животот да го промени со операција која може да ја направи во месец март во Србија

Неделка Чучковска е 29 годишна девојка од Скопје која боледува од ПАРАЛИЗА (hemiparesis L.Dex) и има мускулна контрактура здобиена преку примарно оштетување во пределот на раката и ногата, а има и проблеми со говорот. Оваа парализа ја добила на две годишна возраст и оттогаш таа живее со оваа болест.

Неделка на 09.03.2018 била во Србија во болницата Медикус каде и била извршена хируршка интервенција „Фазна Фибротомија по улзибат“, која подразбира намалување на контрактурата или целосно елиминирање, во зависност од интензитетот на контрактурата без дополнителни оштетувања на мускулите и тетивите. Оваа операција кај Неделка има одлични резултати.

Борбата за Неделка продолжува и натаму, но за жал, потребни и се дополнителни средства за рехабилитација на која треба да оди во RENONA Rehabilitation во Австрија на 28.01.2019 која трае 12 дена и чини 7000 евра. Неделка замолува да ја поддржиме сите во оваа тешка болест и доколку сте во можност да донирате на следните броеви:

143-454 ТЕЛЕКОМ, 143-464 ВИП. Со секој повик донирате 100 денари. Ова е нејзината приказна:

„Јас Неделка Чукчуковска живеам сама и со единствени примања сум од 3850 денари за туѓа нега. Истите ми се премалку за опстанок, па црквата Св Спас во Драчево на месечно ниво ми помага со храна и хигиенски производи. Не можам да најдам работа затоа што немам факултет, а имам завршено општа гимназија во Кратово каде и што сум родена. Мојата работоспособност е на најниско ниво поради парализата.

Татко ми по.ина кога имав 16 години а тој беше единствениот човек кој ме поддржуваше и помагаше финансиски да завршам образование. Па така, мојот сон да завршам факултет остана само сон.

Но, тоа не беше се’, штотуку по.ина татко ми, мајка ми си замина и се премажи. Јас на 16 години останав сама со тогашните 2700 ден. – посебен додаток, живеев во трошна куќа каде што немав каде да се избањам, па греев вода на шпорет за да се одржувам бидејќи бев втора година средно.

Судбината си поигра многу сурово но не престанав да се борам благодарение на тешкиот живот. Научив да се борам и да живеам со надеж дека еден ден ќе оздравам и мојот остаток од животот ќе го поминам здрава, дека ќе си најдам работа и ќе имам конечно нормален живот. Цели 14 години се борам со тешкиот живот на живеење. И борбата и желбата да оздравам е се поголема да ја сменам судбината и да оздравам.

Тешкиот живот ме научи да не се откажам од желбата да оздравам дури таа е поголема во моментот. Бидејќи недалеку сум од остварување на сонот еднаш бев на операција и имаше огромни резултати. Говорот ми е подобрен, раката е поослободена, немам голем спазам и тоа е добар почеток.

Но за да успеам рехабилитацијата е најважниот дел после секоја операција. Затоа сакам да ги замолам луѓето од срце да ми помогнат да го остварам својот сон а тоа е здравите имаат многу желби а болниот само една – ДА ОЗДРАВИ. Без вашата поддршка невозможно е да го остварам својот сон бидејќи немам средства самата да ги обезбедам.

Се надевам еден ден ќе успеам да го остварам својот сон и ќе мотивирам со тоа многу луѓе кои престанале да се борат со одредени болести и се предале на истата. Бидејќи јас покрај се’ што ми се случи во животот не се предадов и продолжив да се борам во животот и да се надевам дека еден ден ќе бидам здрава како сите вас и ќе можам да му се радувам на животот. За тој сон за да ми се оствари сте ми потребни вие почитувани граѓани.

Затоа ве замолувам од срце донирајте на броевите 143-454 ТЕЛЕКОМ или 143-464 ВИП/ОНЕ со секој повик ќе донирате 100ден кои за мене значат нов живот или на: трансакциска сметка денарска с-ка 210-5016724851.07 девизна с-ка NEDELKA CUKCUKOVSKA, NLB BANKA AD SKOPJE, IBAN:МК07210501672485107 SWIFT:TUTNMK22

Ви благодарам од срце, Неделка Чукчуковска”

Претходна статијаТамара Тодевска: Mој сакан Влатче, фалиш да ги споделам со тебе овие најсреќни денови од мојот живот
Следна статијаШто значи прекарот Лепа Брена и зошто таа не го поднесува