За сите Верници, се ближи вистинскиот момент кога треба да ја посадите Божиќната пченица

0

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува во домот со семејството, како и одењето на црквените богослужби. Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божиќно жито.

Иако пред Божик можат да се купат скоро секаде, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете го сами!

За да порасне до Божик треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

За садењето ви е потребно една шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

Во плитка чинија ставете земја, а на неа наредете ја пченицата, која стоела во вода во текот на ноќта. Одозгора покријте ги зрната со уште малку земја, која секој ден ќе на наводенувате, односно прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само треба да се распоредат на дното на чинијата, така што целосно ќе се прекријат.

Се остава од работ на садот најмалку 1 см., зошто пченицата со никнувањето се шири. Се полева умерено. Најдобро е само да се прска со вода, два пати дневно.

Може во средината на садот да се остави простор во кој подоцна ќе се стави свеќа.

Пченицата која сте ја посадиле можете да ја прекриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става врз чинијата, за да може зрната рамномерно да набабрат и да добијат доволно влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци, ткаенината треба да се тргне за да може пченицата без проблеми да никнува.

Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици, за да биде рамно, зошто понекогаш расте нерамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.

Во многу извори се спомнуваат овие два датуми како погодни за садење на божиќната пченица.

Претходна статијаКрајот на декември носи убави и радосни моменти за овие хороскопски знаци
Следна статијаВечерва по полноќ започнува голем христијански празник – што треба да направите за богат род и благосостојба